Иако се уште не е стапен на сила Договорот од Преспа македонскиот премиер Зоран Заев во неколку наврати веќе го користеше името Република Северна Македонија. Причина за тоа, како што рече, е да укаже на сериозноста на одлуката што е донесена во македонскиот Парламент.
Според премиерот Заев уставните измени за Договорот што беа изгласани вчера во македонското Собрание денес треба да бидат објавени во Службен весник на Република Македонија. После тоа, на почетокот на следната седмица, македонското Министерство за надворешни работи ќе испрати нота до грчкото МНР за да ги известат дека процесот е завршен .
Според него, за стапување на сила на уставните измени не е потребен потпис од претседателот на државата, д-р Ѓорге Иванов.