Утре е Ѓурѓовден- празник врзан за здравје и женачка: Еве што треба да направите

Православните верници утре го прославаат Ѓурѓовден- празникот врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување.
Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачк
ата, плодност на стоката и добри посеви.Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река.
Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.


Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.
Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.
Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.
Се верувало и дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.