Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев утре, 20 септември во Вашингтот ќе се сретна со потпретседателот на САД, Мајк Пенс.
Билатералната средба се остварува на покана на потпретседателот Пенс, на која и претходеа посети на високи американски претставници како секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис и помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел.
На средбата во пресрет на Референдумот ќе се разговара за напредокот на Р.Македонија кон членството во НАТО, а Пенс веќе му ја ветил на Заев поддршката од САД.