Утре и на 4 мај – лична карта по итна постапка

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (20. и 21.04.2019 и на 04 и 05.05.2019 година).
Сите барања за издавање лична карта, без разлика дали е оштетена, изгубена или украдена, по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи. Но тоа важи само доколку подносителот на барањето не поседува биометриска патна исправа.
Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (20.04.2019 година) до 16:00 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори (недела, 21.04.2019 година) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07:00 до 19:00 часот.
Истото ќе важи и за вториот круг на претседателските избори, кој ќе се одржи на 05.05.2019 година. Барањата за лични карти ќе се примаат до 04.05.2019 до 16:00 часот, а на денот на изборите 05.05.2019 година ќе се издаваат во периодот од 07:00 до 19:00 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.