Утрински температури до -9 степени, сончево со северозападен ветер

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од -9 до 0 степени. Дневните ќе бидат во интервал од 0 до 10 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе изнесува 9 степени.

И во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула.
Утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и во сабота ќе има врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.