Додека едни тврдат дека ништо не може да го надомести утринското туширање, други истакнуваат дека не можат да го замислат одењето во кревет без да се истушираат. Ова се предностите и недостатоците на двете навики за туширање.
Утринско туширање
За: Ги миете потта и бактериите насобрани по спиењето
Ако сте меѓу оние кои се будат со масно лице, тогаш користите козметика за масна кожа. Од друга страна, ако имате сува кожа, сакате утринско миење. Ако се будите со испотена и масна кожа, со брзо и кратко одмивање можете да го постигнете чувството на свежина.
Против: Во кревет одите нечисти
Кожата во текот на денот собира нечистотии и маснотии, пот и козметички производи. Ако се туширате само наутро, во кревет одите со бактерии на кожата.
За: Будење
Ако тепко се будите утринскиот туш може да ви помогне да ставите насмевка на лицето. За да му направите шок на организмот, измијте се со ладна вода. Студениот утрински туш ја поттикнува дневната продуктивност.
Утринскиот туш ќе ве разбуди, а вечерниот ќе ве подготви за спиење.
Купка или туш еден час пред спиење ја намалуваат температурата на телото и помагаат во заспивањето.
Против: Може да се разбудите со чувство на масна кожа
Кожата во текот на спиењето произведува себум, па луѓето со масна кожа се будат со маснотија на кожата. Како што сакате да го измиете лицето, така ќе сакате и да се истуширате.
Вечерното туширање е и важно за косата. Ако имате осетлива коса заштитете ја во вечерното туширање за да остане сува. Со спиење со влажна коса ризикувате кршење на влакното и мастење на косата.
За: Отстранување на нечистотиите пред спиење
Вечерното туширање е нужно за чистење на нечистотиите кои се собираат во текот на целиот ден.
Дали ќе се туширате наутро или навечер зависи од вас. Можете да се туширате и по будење и пред спиење, зависи во каква околина престојувате. Но ако веќе морате да изберете страна, се чини дека вечерното туширање има повеќе предности.
Со тоа ги отстранувате потта и бактериите кои се насобрале во текот на денот. Но како и секогапш, направете го она што сметате дека е најдобро за вашето тело. Нема точен и единствен одговор кој може да се однесува на сите луѓе еднакво.