Утрово повторно сo земјотреси

Утрово повторно се стресе Романија. Земјотрес со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала утринава е почувствуван во Романија. Најсилно е почувствуван во романскиот регион Вранча, каде и вчера имаше нешто послаб земјотрес со интензитет од 3,6 степени. 
Најсилен во Романија  годинава беше земјотресот на 25 април со интензитетет од 4.6 степени.
Денешниот земјотрес се случил во 5:43 часот по локално време, а како што соопштува Националниот инститот за геофизика на длабочина од 133 километри. Земјотресот кој вчера ја стресе Вранча се случи во 12:32 часот, исто така по локално време. Информации за причинети штети нема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.