Утре времето краткотрајно ќе биде стабилно, а во периодот потоа во попладневните и вечерните часови, претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Како што најавуваат од УХМР, во среда нестабилно ќе биде претежно во северозападните делови од земјата, а повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.