До крајот на неделава ќе преовладува променливо време со повремен дожд и постепен раст на температурите, покажува повеќедневната прогноза на УХМР.
Утре ќе биде облачно, значително посвежо особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи.
Во среда и четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо ќе се покачат.
Кон крајот на неделата во попладневните часови повторно ќе има појава на локални врнежи и грмежи.
Минималната утринска температура ќе биде девет степени, а масималната дневна ќе достигне до 35 степени.