УХМР: Студен бран, ветер и пообилни врнежи од дожд и снег

Од Управата за хидрометеоролшки работи известуваат дека утре не очекува претежно облачно време со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m²). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.

Во сабота во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и појава на магла по котлините.

Во Скопје претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен, до засилен јужен ветер. Во текот на ноќта со засилен северен ветер ќе има услови во повисоките делови од котлината врнежите од дожд да преминат во снег со слаб интензитет.

Пронајдете не на следниве мрежи: