Учебната година ќе трае до 17 јуни, се воведува пролетен распуст

Учебната година ќе почне утре и ќе трае до 17 јуни 2024. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири им посака успеси на учениците и наставниците и ги соопшти новините пред утрешниот почеток на 2023/2024 година.

Основците и средношколците првпат во оваа учебна година ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 5 мај.
Шаќири на прес-конференцијата ја спомна и новината за примена на нов е-дневник изготвен со поддршка на ЕУ преку ИПА-фондови. Тој е во фаза на тестирање и паралелно се прават и обуки на администрација во 40 училишта во кои ќе се примени како пилот-проект додека се потврди неговата функционалност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.