Училиште во Турција ќе го носи името на Македонија поради солидарноста за време на земјотресите

Во февруари годинава, Македонија се сплоти за да му помогне најмногу што може на настраданото население од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија.

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Намалена видливост поради магла на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато
Намалена видливост од 80 метри поради појава на магла има на планинските …

Помошта и солидарноста на македонските граѓани не беше заборавена и турската влада одлучи ново училиште да го носи името на нашата држава, а 32-те училници во него да ги носат имињата на македонските градови.
Од Црвениот крст информираа дека средствата собрани во акцијата за помош ќе бидат наменети за изградба на училиштето во градот Малатија.

„Овој акт ќе остави траен белег и е доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција“ – напишаа тие.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.