Со укинувањето на Советот за јавни набавки што се случи непосредно по доаѓањето на власт на СДСМ институциите изгубија контрола врз постапките за јавни набавки. Тие се почесто се склучуваат во 4 очи, со што се отвораат нови можности за злоупотреби на целиот процес и за корупција.
На 17-ти септември Клиниката за радиотерапија и онкологија, на пример, склучила договор во 4 очи за набавка на лекови со веледрогеријата Д-р Пановски.
Договорот е објавен на системот за јавни набавки во кој како договорен орган стои Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, каде како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на лекови преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас. Вкупната вредност на договорот е 3.024.000 денари или околу 50 илјади евра.