УШТЕ ЕДНА ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ОТПУШТА РАБОТНИЦИ – Околу 2.000 работници ќе останат без работа, а причината за многумина е бизарна

Британската авто-компанија за луксузни автомобили Rolls Royce денес потврди дека ќе отпушти меѓу 2.000 и 2.500 работници ширум светот, што е пет отсто од вкупно 42.000 вработени.

Според официјалното соопштение, отпуштањата се во согласност со целите за воведување поедноставна, полинеарна организација во следната фаза од повеќегодишната трансформација на компанијата, што ќе и овозможи на компанијата да го елиминира „дуплирањето“ на работната сила и да ја подобри економска ефикасност, како и работниот процес во обезбедувањето на синџирот на снабдување и управувањето.

„Нашиот бизнис е полн со посветени, талентирани луѓе и верувам дека овие промени ќе им овозможат да изградат поголема способност во области кои се клучни за долгорочен успех“, изјавил извршниот директор Туфан Ергинбилгик, пренесуваат британските медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.