Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.07/2024 за долгови доспеани до 31.03.2024 и неплатени до 30.06.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници објавени се 1870 должници – правни лица и 3.774 физички лица.
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 10.722.692.495 денари, што е повеќе за 134.041.650 денари споредено со претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси бележи пораст од над 165.928.847 и изнесува 10.565.414.681 денари.
Долгот за царински давачки е намален за 31.887.197 денари од претходната листа и тој сега изнесува 157.277.814 денари.