Фановите на Наполи веќе не се прашуваат дали ќе го освојат Скудетото

По вчерашната победа над Кремонезе, Наполи отиде на +16 во однос на второпласираниот Интер кој има натпревар помалку, веќе нема дилеми кој ќе биде шампион на Италија.

Наполи чека на Скудето уште од ерата на Диего Марадона. Првото го освоија сезоната 1986-87, а последното 1989-90.

Се чини дека фановите ја дочекаа сезоната кого ќе се израдуваат на ново Скудето, треба да се случи чудо за Наполи да не ја мине прв целта.

Фановите веќе не се сомневаат дека ќе дојдат до Скудетото, прашањето сега им е друго, кога ќе се случи тоа, дали ќе биде против Фиорентина против која го заверија и првиот шампионски трофеј.

Пронајдете не на следниве мрежи: