Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави за косовски медиуми дека ФБИ го истражува терористичкиот напад на каналот Ибар-Лепенец.
Тој рече дека САД дале поддршка од ФБИ за овој случај и дека истрагата е во тек
„Ние обезбедивме и донесовме поддршка од ФБИ овде на Косово за да работи директно и со полно работно време со косовските органи за спроведување на законот, со цел да се идентификуваат одговорните и да се осигура дека истрагата е веродостојна, сеопфатна и води до соодветни заклучоци“, рече тој.
„Значи, се што можам да кажам за податоците, сугестиите или насоката на истрагата е дека американската влада се уште не е во позиција да каже дека донесовме заклучоци или дека знаеме кој е одговорен за тој напад“.