Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер призна дека едвај може да ги следи натпреварите во текот на сезоната поради неговиот напорен распоред
Федерер треба да има малку повеќе слободно време сега кога е во пензија, но поголемиот дел од тоа време го земаат неговите деца и сите други работи што се случуваат во неговиот живот.
- Во Кремљ средба на Путин со словачкиот премиер Роберт Фицо
- (Во живо) Огромни студентски протести во Белград
- Вучиќ тврди дека нема да има преодна влада во Србија
- Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
- Приведен скопјанец, и се заканувал на поранешната сопруга и нејзиното семејство
Поради тие приватни обврски, тој не стигна ни да го гледа спектакуларното финале на Вимблдон што годинава го играа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Тешко ми е да гледам натпревари, едноставно затоа што немам време, да бидам искрен. Со децата и сè што се случува во мојот живот, тешко е да се каже: „Во ред, денес ќе го гледам овој натпревар“. Како и финалето на Вимблдон, тој ден буквално видов само два натпревари бидејќи трчавме со децата и правевме работи“, рече Роџер, додавајќи:
– Тогаш во еден момент брзо се префрлив, малку „ѕирна“ и реков: „Па, видов малку од финалето на Вимблдон“. Секако дека бев љубопитен, ги гледав резултатите од време на време, но тешко ми е да седам и да гледам. Бев среќен што натпреварот беше толку добар и сакам кога од играта излегуваат одлични приказни.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.