НБА франшизата Феникс Санс ќе стане најскапиот продаден клуб за четири милијарди доалри, во историјата на американската кошарка, откако во завршна фаза е купопродажбата објави најпознатиот новинар, Адриан Војнаровски.
„Жешките“ треба да ги купи Мет Ишбиа, водечкиот хипотекарен кредитор во САД, откако досегашниот газда Роберт Сарвер го стави клубот на продажба после едногодишната суспензија и паричната казна од 10 милиони „зелени банкноти“ поради расистичко и мизогино однесување и изјави. Контроверзниот Сарвер дури и минал добро со казната, зашто се барало доживотна суспензија за него.