Ферари повторно најмоќен бренд во светот

„Ферари“ втора година по ред е најмоќниот бренд на светот на ранг-листата на глобалните 500 светски брендови на „Бренд фајнанс“.
Американската компанија за интернет-трговија „Амазон“, пак, трета година по ред ја задржа титулата највреден светски бренд. Имено, нејзината вредност од минатогодишните 187,9 милијарди долари пораснала за 18 отсто, на 220,8 милијарди долари. 3ад Амазон, се Гугл (САД), Епл, Мајкрософт, Самсунг, кинескиот ИЦБЦ, Фејсбук, Волмарт, а топ-10 листата ја заокружуваат уште два кинески бренда – Пинг Ан и Хуавеј.
„Ферари“, од друга страна, е најмоќниот, односно највлијателниот бренд на светот, со индекс на сила од 94,1 поени од можни 100 и рејтинг од ААА плус. Сето тоа влијаело и на растот на стоковната вредност на марката за 9,0 отсто, на 9,1 милијарда долари.
По автомобилскиот гигант следуваат Дизни, кинески Ви-чат, Сбербанк, Делоат, Кока-кола, Тенсент, Ролекс, ПВЦ и Пеј-Пал.


Соперничките синџири на супермаркети „Лидл“ (12,4 милијарди долари) и „Алди“ (14,3 милијарди долари) се најбрзорастечки малопродажни брендови, со скок на вредноста од 40 и 37 отсто, соодветно.
На ранг-листата од 500 фирми годинава има и 44 нови имиња, а највредна меѓу нив е нафтената компанија Сауди Арамко, со вредност на стоковната марка од 46,8 милијарди долари.
Во однос на Европа, германските брендови ги надминуваат другите држави. Меѓу 10. највредни стоковни марки дури шест се германски, а на нив отпаѓаат 6 отсто од вкупната вредност на 500. рангирани фирми. Само вредноста на брендот „Мерцедес-Бенц“ се проценува на 65 милијарди долари, со раст од 8 отсто благодарение на зголемената продажба од 1,3 отсто, на 2,34 милиона возила 2019 година.
Европскиот сектор на луксузни стоки, исто така, бележи значаен пораст на вредноста, при што стоковната марка „Луј Витон“ е посилна за 21 отсто, односно вкупно 16,5 милијарди долари. Следуваат: „Гучи“ (раст од 20 отсто, на 17,6 милијарди) и „Шанел“ (19 отсто, на 13,7 милијарди долари).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.