ФЗОМ ги зголеми квотите за лекови за февруари

 

Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари за секоја здравствена установа– аптека, освен за аптеките со максимална месечна квота од 650.000 денари за месец февруари.
– Со оваа дополнителна мерка, Фондот обезбедува дополнителен износ од над 9 милиони денари за месец февраури 2019, што ќе придонесе за достапност на лекови на рецепт за осигурените лица во текот на месецот. Причините за оваа дополнителна мерка се сезонскиот грип, прогласената епидемија на морбили, како и значителната искористеност на квотата за месец февруари, заклучно со денешниот датум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.