Филан е сепак син на Жан Митрев

Филан е сепак син на Жан Митрев

Иако некои медиуми заклучија дека Филан не бил син на Жан Митрев, денеска дилемата е разрешена. Жан Митрев гостуваше во Сител ТВ и ја даде следната изјава:

„Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2 000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, изјави кардиохирургот Жан Митрев, за Сител.

Во тек е судски процес во Германија. Филан е обвинет за тероризам откако во ноември лани со уште двајца осомничени биле откриени дека подготвуваат самоубиствен напад во угостителски објект.

Прочитајте уште и:

Жан Митрев со реакција: Терористот од Германија не е мојот син

Филан пред неколку години ја променил верата и преминал во радикалниот ислам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.