Филип Рикер неделава доаѓа во Скопје

Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, неделава ќе ја посети Македонија, и ќе оствари средби со претставници на власта, на граѓанското општество и на бизнис заедницата.
Рикер ја почна својата турнеја со посета на Грција, а подоцна во текот на неделава ќе допатува во Скопје, каде ќе се има средби со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници. Централни теми ќе бидат билатералните прашања и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе разговара и со пратеници и со претставници на опозицијата, информираат од Стејт департментот.
Рикер неодамна во изјава за МИА во Вашингтон оцени дека Македонија во изминатиот период сработи одлично, и не треба да се дозволи земјата да подлегне на некаква дестабилизиција со непотребни политички игри. Администрацијата во Вашингтон е убедена дека Македонија е на вистинскиот пат и оти процесот треба да се истурка до крај со цел земјата да стане 30. членка на НАТО и да ги почне преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.