Филипче: Нема ништо да изгубиме ако ги вметнеме Бугарите во Уствот

„Јас и понатаму сум убеден дека со промената на Уставот што е јасен услов од Преговарачата рамка, ништо нема да изгубиме. Напротив, ќе добиеме“. Ваков е ставот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче по однос на вметнувањето на Бугарите во Уставот, кој е предуслов Македонија да ги започне пристапните преговори кон ЕУ.

На прес-конференцијата посветена на одвојувањето на Албанија од Македонија кон патот кон ЕУ, меѓудругото Филипче истакна дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа биле цунами за државата.

„Најголемата трагедија е што ВМРО-ДПМНЕ всушност сака повторна билатерализација на европскиите преговори и спорот со Бугарија. Треба на сите да им е јасно, спорот со Бугарија не беше веќе билатерален. Со тешки маки успеавме од билатерален спорот да го донесеме во рамки на преговорите. Ние веќе не преговараме со Бугарија туку со ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ сака пак да го билатерализира. Значи целта е да се врати се наназад односно да се отоври повторно билатерален проблем. Како планира Мицкоски со реторика на карање и конфликти да обезбеди подобри услови со Бугарија во билатерална комуникација? Свесен ли е дека ќе добие само полош Договор? Свесен е, но тоа е очигледно и целта. Ова прашање да биде повторно и повторно главна тема во медиумите, а расправиите со соседите главна алатка на неговата пропаганда“, изјави Филипче на денешната прес-конференција.

Пронајдете не на следниве мрежи: