Филков: Иницирав постапка за повлекување на нотарската тарифа – сметам дека не смее народот да плаќа нешто 10 пати повеќе

Во првите 2-3 недели, една од темите, која ја дознав од вас беше нотарската тарифа, односно одлуката која мојот претходник ја имаше потпишано на негово заминување. Иницирав постапка за повлекување на одлуката за давање на согласност за зголемување на нотарската тарифа која ја донесе претходната Влада.

Поранешниот министер донесе одлука која треба да стапи на сила на 1 септември, со која се овозможува зголемување на цените на нотарските услуги за десет пати. Сметам дека не смее народот да плаќа нешто 10 пати повеќе кое е донесено без широка дебата и не ја гледам смислата на истото. Ќе го слушнеме и мислењето на нотарите.

Одлуката била донесена во февруари, но се чекало да поминат изборите, за ова никој не ја информирал јавноста, односно процесот бил скриен , вели Игор Филков, министер за правда.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.