Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на настанот ,, Судски совет-Предизвици и препораки за обезбедување на независно судство. Во своето обраќање, Филков посочи дека е потребно да се насочиме кон решавањето на ситуациите, проблемите и да превенираме во иднина да немаме било каков сомнеж кој што може да ја доведат во прашање независноста и стручното постапување на Судскиот совет.
Да не се залажуваме, нема реформа што не е болна, но нема ниту реформа како оваа, што е толку неопходна. Сакам да порачам дека ќе ги спроведеме неопходните реформи, колку и да се тешки. И нема да запреме додека повторно не почнат граѓаните да гледаат со полна доверба кон судовите во постапките за заштита на своите права”,рече Филков.
Министерот најави дека од следниот месец ќе отпочнат јавни дебати за Законот за Судски совет , да се најде прифатливо решение со цел да се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Веќе од наредниот месец започнуваме со јавни дебати за Законот за судскиот совет. Дебати кои што ќе бидат експертски и за кои сум сигурен дека ќе вродат со плод особено во деловите од законскиот текст кои се однесуваат на дисциплинската постапка, постапката по жалба, изборот и разрешувањето. Овие три аспекти од законскиот текст ги увидовме како клучни за самиот почетокот за да можеме да одиме понатаму со чекорите кон враќањето на довербата во правосудниот систем,”потенцира Филков.
Според министерот, само со обезбедувањето на независноста и непристрасноста на ова тело ќе успееме да го вратиме легитимитетот, професионалноста и интегритетот на Судски совет кое што треба да преставува пример и ужива доверба од севкупната фела. Судскиот совет мора да се докаже како стручно тело кое што ќе биде составено од лица со потврдено правничко искуство, а за кои не смее да постои ни најмал сомнеж за нестручност и политичко влијание. Тоа не смееме да го дозволиме во институција која што треба да ја штити независноста на судството.
Да не бегаме од тешките одлуки што ни претстојат. Да се соочиме со неефикасноста и да изградиме правосудство кое не е само независно и ефикасно, туку и такво во кое граѓаните на Северна Македонија повторно може да веруваат”,порача Филков.