ФИЛМСКО АПСЕЊЕ ВО СКОПЈЕ: Падна нарко-дилер баран со потерница за случајот “Планина”

Полицијата денеска во центарот на Скопје полицијата денеска уапси уште еден нарко дилер кој беше баран со потерница во врска со оперативната акција „Планина“.

Станува збор за лицето Е.С. од скопското село Грчец, барано со потерница.

На 14.11.2023 во 12.20 часот во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода С.Е. (23) од с.Грчец, скопско, кој бил баран со потерница по наредба на КПУ Затвор Скопје, а во врска со чл.215 од КЗ на РСМ осуден на казна затвор во траење од три години. С.Е. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, објави МВР.

Погледнете како беше уапсено лицето во локал во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.