Финансиска полиција врши увид во М-НАВ

Од Управата за финансиска полиција за ТВ21 соопштија дека вршат проверки во Македонски навигации. Од оваа институција тие велат дека дејствуваат врз основа на извештајот што е направен.

„Според нашите надлежности, ние ќе извршиме проверки за да видиме дали има сомневања за кривични дела. Контролите ќе бидат направени во финансискиот дел, во процедурите и така натаму. Ќе постапиме според извештајот што е доставен и согласно надлежностите на Управата за финансиска полиција ќе извршиме контроли и увиди во работењето на М-НАВ“, велат од Управата за финансиска полиција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.