Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција во скопското село Љуботен, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама.
Неколку медиуми објавија дека станува збор за акција за сузбивање на шверц на тутун.
Од Управата за финансиска полиција наведуваат дека во интерес на истрагата не можат да споделат подетални информации.
– Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите, се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.