Финска е повторно најсреќната земја во светот, Maкедонија е на 94 место, пред нea се Хрватска, Косово, Србија…

Финска е повторно најсреќната земја во светот, Maкедонија е на 94 место, пред нea се Хрватска, Косово, Србија…
Според индексот на среќа во светот за 2021 година во време на светска пандемија жителите на Финска се повторно најсреќните луѓе во светот. Македонија од 149 земји е на 94 место, а од регионот пред неа се Албанија (92), Бугарија (88), Црна Гора (72), Грција (68), Босна и Херцеговина (64), Хрватска (60), Србија (48)…
Словенија е најдобро рангирана земја од регионот – 29-то место, а Косово е на 33-то место.
Финска ја брани титулата најсреќна земја во светот и се наоѓа на првото место на рангирањето на ООН четврта година по ред. За авторите, ова не е „изненадување“ и тие посочуваат дека Финска „отсекогаш била многу високо рангирана врз основа на мерките за заемна доверба кои помагаа во заштитата на животот и егзистенцијата за време на пандемијата ковид-19“. Финците „се обидоа да ја усогласат политиката со општото чувство на благосостојба“, наведуваат авторите.
Скалата за среќа се заснова на статистиката од истражувањето на Галуп за тоа колку се чувствуваат среќни самите граѓани.


Во светски рамки, пандемијата ковид-19 однесе 2 милиони животи во 2020 година и тоа е речиси четири проценти повеќе од редовната стапка на смртност за годинава.
Во извештајот се наведени и економските трошоци за пандемијата и цената за менталното здравје на населението.
„Пандемијата нè потсетува на глобалните закани по животната средина, на итната потреба за соработка и тешкотијата за постигнување соработка во секоја земја и на глобално ниво“, рече коавторот на студијата Џефри Д. Сакс од Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија.
Индексот на среќа се заснова на фактори како што се БДП по глава на жител, очекуван животен век на граѓаните, слободи, перцепција на корупцијата во владините и економските субјекти.
Како и обично, на врвот на листата се земјите од европскиот север – Финска, Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург и Нов Зеланд надвор од Европа, а на 10-то место е Австрија.
Македонија е на 93-то место со резултат од 5.101 (најдобриот резултат е 7,842). САД се рангирани на 20-то, Русија на 77-то, Кина на 85-то и Индија на 140-то.
Руанда, Зимбабве и Авганистан го заземаат дното на листата од 149 земји опфатени со статистиката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.