ФИФА одлучи: 32 екипи на светското клупско првенство

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска го објави новиот проширен формат за Светското клупско првенство со 32 тима што ќе се применува од 2025 година.

„Светското клупско првенство на ФИФА со 32 тима треба да започне во јуни 2025 година и ќе се одржува на секои четири години“, се вели во соопштението на ФИФА.

Основано во 2000 година, Светското клупско првенство на ФИФА обично се игра во зимскиот период на северната хемисфера со шест или седум екипи од шест конфедерации.

На Светското клупско првенство, покрај националните шампиони на земјата домаќин, учествуваат и актуелните шампиони на Азија, Африка, Северна и Централна Америка, Јужна Америка, Океанија и Европа.

Актуелен шампион од 2021 година е тимот на Челси. Тимот на Реал Мадрид е рекордер, кој дури четирипати го освои Светското клупско првенство.

Следното Светско клупско првенство ќе се игра во февруари следната година во Мароко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.