Претседателот на сѐ уште Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денес излезе со обвинувања дека бил следен од припадници на МВР и УБК. На ова експресно реагираа од двете институции.
„Господине претседателе, тие што ве следат се ваше обезбедување во случај некој да сака да ве киднапира како господинот Груевски“ велат од министерството за внатрешни работи.
Според експертите симптоматично е тоа што после 9 години на претседателската функција Иванов забележал дека има свое обезбедување. Тој има законско право на обезбедување и кога ќе му заврши мандатот, но дали ќе го искористи и дали е запознат со тоа останува да видиме.
Извор: Иванов на Фчерашни