Еден од најпопуларните градски модели заминува во историјата.
Volkswagen Up! се произведуваше цели 12 години и сега влегува во заслужена пензија. Според британскиот Autocar, последниот примерок во Велика Британија е веќе испорачан, а последниот примерок е произведен во Словачка.
Моделот беше премиерно претставен во 2011 година како наследник на моделот Fox. Набрзо се покажа како пазарен успех, па не е чудно што опстана толку долго. Да потсетиме дека близнаците Seat Mii и Škoda Citigo беа прекинати во 2020 и 2021 година.
- Експлозивен новогодишен подарок од Путин: Руската армија гази сè пред себе, сè е детално планирано – сакаат да ги скршат Украинците пред празниците!
- Мечка ги изненади жителите на село Петралица во Ранковце
- Два хороскопски знаци кои секогаш се подготвени да помогнат
- Составот на Кабинетот на Трамп: Кои се избрани досега?
- Трамп за Маск: Не можам да се ослободам од него, не сака да си оди дома
Најмалиот Volkswagen се нудеше во неколку верзии, од основната и соголена верзија со слаб бензинец, преку електричниот модел e-Up, па сè до спортската верзија GTI.
На крајот на краиштата, тоа значи дека Polo во моментов е најмалиот и најевтиниот модел на Volkswagen. Почетната цена е 20.898 евра. И кога е наследникот на Up! во прашање, треба да почекате уште неколку години додека да пристигне целосно електричниот ID.1.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.