Фолксваген укинува 35.000 работни места во Германија до 2030 година

Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген ќе укине повеќе од 35.000 работни места во Германија до 2030 година за да ги намали трошоците, а истовремено да избегне затворање на фабрики и отпуштања, како дел од договорот потпишан денеска во обид да се спаси проблематичната компанија.

Договорот предвидува „социјално прифатливо намалување на работната сила“ на повеќе од 35.000 луѓе во фабриките на Фолксваген во Германија до 2030 година, или 29 отсто од вкупната работна сила, се вели во соопштението.

Овие заминувања нема да бидат принудени, а особено треба да вклучуваат лица кои се пензионираат, а кои нема да се заменат.

Со овој договор, Volkswagen се надева дека ќе оствари заштеда од околу четири милијарди евра на среден рок.

Пронајдете не на следниве мрежи: