Претседателката на Европската комисија ќе ја посети Северна Македонија Урсула фон дер Лајен до крајот на месецот, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски додавајќи дека имало такави најави и од францускиот претседател Емануел Макрон, кој беше во посета на Албанија по Самитот на Берлинскиот процес.
- Поднесена кривична пријава против Зеленски: Обвинет за обид за поткуп на словачкиот премиер
- Дали со нуклеарна бомба ќе ја таргетираат Америка? Дали Техеран е подготвен да го однесе светот во пеколот?! Стигна предупредување за Трамп, човештвото се плаши од овој потег на Иран!
- Луѓето родени во овие знаци секогаш купуваат божиќни подароци во последен момент
- Најголемата американска авиокомпанија ги презема сите летови
- Охриѓанка тешко повредена во сообраќајна несреќа
- СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците ја подготвија измамата со кошничките
- Русија тврди дека презела контрола над уште едно населено место во украинската Доњецка Област
- Укинати забраните за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка – ГП „Деве Баир“ и Кратово – Пробиштип
- Дали е ова најмодерната кујна што ќе ја видите на интернет? Секоја домаќинка сонува за неа (видео)
-Претседателката на Европската комисија ќе ја посети Северна Македонија, до крајот на месецов, а претседателот Макрон неколку пати изрази желба и тоа јавна дека во некоја од неговите посети ќе ја посети нашата земја. Јас имав неколку средби со него, како и претседателот на државата, рече Ковачевски, кој беше во посета нa компанијата „Вивакс“.
Одговарајќи на новинарско прашање дали Северна Македонија и Албанија ќе бидат одвоени во декемврскиот самит, Ковачевски рече дека ние еднаш се разделивме од Хрватска кога не носевме одлуки и оти истите тие кои не ги носеа одлуките сега се против одлуките за европските интеграции. Ние со Хрватска, додаде тој, почнавме заедно, тие се сега дел од ЕУ, воведоа евро и се дел од Шенген зоната.
Зборувајќи за позицијата на Франција рече дека таа е за проширување во овој геополитички момент во Европа.
-Ако погледнете во однос на поддршката која ја дава Франција тогаш да не заборавиме дека нашиот предлог за преговарачка рамка е изработен во рамки на француското претседателство по цели 17 години чекање така што ако зборуваме за курсот на Франција за проширувањето тогаш од сите изјави на претседателот Макрон и од министри кои ја посетија Северна Македонија се работи за држава која е за проширување во овој геополитички момент во Европа, рече премиерот Ковачевски.
Процесот на проширување, според него, е отпочнат и се надева дека ќе биде завршен. Посочувајќи на пораките од Самитот на Берлинскиот процес во Тирана, Ковачевски рече дека сите можевме да се увериме во она што го кажаа сите претставници на ЕУ, како и на прес-конференцијата што ја имаше францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата билатерална посета на Албанија, дека процесот е отворен, дека на него се работи и тој ќе биде практично во две патеки – едната е ЕУ да се подготви до 2030 за прием на нови земји членки со оглед на тоа дека треба да функционира со повеќе земји – членки, а од друга страна државите да ги исполнат своите обврски.
-И тоа значи дека оние коишто побрзо ќе ги извршат, направат своите обврски, коишто побрзо ќе ги направат реформите тие први ќе влезат во ЕУ. Јас се надевам дека Северна Македонија ќе ја задржи својата лидерска позиција во делот на европските интеграции во регионот и дека нема да се случи она што не посакувам да се случи, а тоа е да другите земји отидат пред нас, а ние да останеме во група на Косово и БиХ. Со сета почит кон државите, меѓутоа сметам дека ние како држава согласно сите перформанси сме на повисоко ниво и заслужуваме да бидеме земја која прва ќе влезе во 2030 година во ЕУ. Повторувам уште еднаш, сега од нас зависи, не зависи од никој друг, истакна премиерот Ковачевски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.