Финалниот натпревар на Вимблдон меѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз во живо го следеа голем број познати личности.
Меѓу познатите кои беа дел од трибините се легендарниот фудбалер Дејвид Бекам и познатиот холивудски актер Бред Пит, кој беше толку фокусиран од она што се случуваше на теренот и неговото лице беше смртно сериозно, што многумина го коментираат.
Дејвид Бекам пред неколку дена се фотографираше со Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, па се претпоставува дека поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид навивал за Србинот кој загуби во финалето.
Бред Пит одамна е познат како голем љубител на тенисот, чест гостин на бројни турнири и редовен посетител на УС Опен.
На трибините беа присутни и британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт, како и тениските легенди Били Џин Кинг и Стефан Едберг, како и многу други познати личности.
Претходните денови многу познати личности и членови на кралското семејство го привлекуваа вниманието на новинарите и светската јавност на трибините, а особено интересна беше кралицата Камила која ги насмеа луѓето ширум светот со своите урнебесни гримаси.
Пронајдете не на следниве мрежи: