Дурекс заедно со Викторија Лоба започнува кампања за едукација на младата популација за заштита од сексуално преносливи инфекции и непланирана бременост. Кампањата ќе се одвива на неколку локации низ Македонија, а во неа ќе се опфатат едукативни сесии, летна кампања на охридските плажи, испитување на јавното мислење, он – лајн одговори на прашања од гинеколози на социјалните мрежи.
Оваа година за поддршка на кампањата е избрана Викторија Лоба, како личност која ќе ја поттикнува свесноста за потреба од заштита при сексуален однос.
„ Кога одговорните од Дурекс ми ги презентираа податоците за ниската свесност кај младите за потребата од заштита при сексуален однос без размислување прифатив да бидам дел од оваа кампања. Сметам дека со сексуално образование и едукација може навистина многу да се помогне, а зборувањето отворено за овие теми е нешто најважно за младите кои некогаш од незнаење, а некогаш од страв не прашуваат. Оваа кампања на Дурекс ќе даде одговор на сите прашања кои ги интересираат младите“, вели Лоба.
Според истражувањата кои ги направи Дурекс , мажите се грижат повеќе за заштита од жените. Секоја година за речиси три проценти се намалува веројатноста од употреба на презерватив при првиот сексуален однос,а над 60% употребуваат презерватив при прв сексуален однос во сериозна врска, а 45% во брак.
Кампањата на Дурекс започнува уште денеска на социјалните мрежи, а за две недели ќе започне истражување на јавното мислење кај младата популација за нивната свесност за потреба од користење на заштита при сексуален однос.Дурекс заедно со Викторија Лоба започнува кампања за едукација на младата популација за заштита од сексуално пренослив