Поројниот дожд во Австрија предизвика поплави во подрумите и куќите на периферијата на Виена.
Властите евакуираа неколку куќи откако блиската река се излеа од коритото во западниот дел.
Неколку линии на метрото беа затворени превентивно бидејќи водата ги поплави железничките шини на некои локации.
Невремете ја зеде и првата жртва во земјата. Пожарникар починал откако „се излизгал по скали“ додека испумпувал поплавен подрум во градот Тулин, изјави шефот на противпожарната служба на Долна Австрија, Дитмар Фахрафелнер.
Властите ја прогласија целата покраина Долна Австрија за зона на катастрофа, додека персоналот за итни случаи досега евакуираше 1.100 куќи таму.