(Фото) Ексклузивно: Искршена канцеларијата на директорот на затворот во Штип

Денеска, засега непознати лица, ја искршиле канцеларијата на директорот во затворот во Штип, дознава Инфомакс.

Како што дознаваме, со камен е фрлено во канцеларијата, при што е настаната материјална штета. За среќа нема повредени лица.

Инаку, денеска ова беше непријатен пречек за новоназначените директор и заменик директор на Затворот во Штип, Гоце Хубрев и Дејан Здравев.

Засега немаме потврда на настанот од страна на МВР. Повеќе информации очекувајте во текот на вчерашниот ден.

Пронајдете не на следниве мрежи: