(Фото) Интензивен дожд и силен ветер: Невреме го погоди Неготино

Невреме ја зафати попладнево Општина Неготино, со дожд и силен ветер.

Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов за МИА изјави дека според првичните информации, нема поголеми штети.

– Едно дрво е уништено од невремето во центарот на градот и веднаш беше пристапено кон расчистување на теренот. Се следи состојбата и ќе се интервенира соодветно, секаде каде што евентуално би имало потреба од општинска поддршка и помош – нагласи тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: