Блиндираните возила доаѓаат во разни облици и големини, од моделите како што е „Cadillac Escalade“, преку „S-Klase“, а им се приклучил и „Lucid Air Sapphire“.
Компанијата „US Armor Group“ го креирала овој „Lucid Air Sapphire“ отпорен на куршуми, и го нарекла „најбрзо блиндирано возило на светот“. Со 1.234 коњски сили од фабриките и фактот дека 100 км/ч развива за 1,89 секунди, секако е побрзо од кој било блиндиран „Escalade“.
Покрај импресивната брзина, овој „Lucid“ има многу безбедносни додатоци. Наместо стакла, „Air Sapphire“ има лесен ламиниран проѕирен оклоп кој може да сопре куршум од пиштол.
Лесниот композитен материјал ја зајакнува вратата и панелите на каросеријата, а велат дека е десет пати помоќен и пет пати полесен од балистички челик.
Купувачите кои сакаат уште поголема заштита, можат да додадат работи како што се кваки на врати со електрошокови, дозери со солзавец, отвори за пиштоли, заштита од отровни гасови и помоќен оклоп кој може да се спречи експлозии и куршуми од пушки.
Секако, оваа дополнителна безбедност не е евтина – „Lucid Air Saphre“ веќе чини околу 250.000 долари, а „US Armor Group“ за овој примерок бара 475.000 долари.