На социјалната мрежа Х (Твитер) се појави фотографија за која тврди дека покажува што останало од големиот руски јуришен амфибиски брод „Новочеркаск“.
Тој претходната вечер беше погоден во напад на украинските воени авиони на Крим.
Фотографијата е објавена на профил кој следи политички и воени теми, вклучително и оние поврзани со Украина.
BREAKING:First pictures released of the Russian Ropucha-class landing ship struck by Ukrainian missiles last night.The Russians say the ship was damaged.The pictures show it was sunk and completely destroyed.Congratulations Ukraine! pic.twitter.com/OJyPIVogjI— Visegrád 24 (@visegrad24) December 26, 2023
Првата фотографија покажува јагленосани остатоци од руски воен брод.
The Russian ship is no moreThere is no repairing this… pic.twitter.com/lwRbQG33ZH— Visegrád 24 (@visegrad24) December 26, 2023
Набргу потоа е објавена споредба на тие остатоци со претходна фотографија на „Новочеркаск“, со различни бои врамени со исти делови во пред и потоа верзија.
рускиот воен брод „Новочеркаск“
Украинската Армија соопшти дека синоќа „разнесе“ руски воен брод во пристаништето Феодосија на Крим.
Ова во објава на социјалната мрежа Телеграм го сподели Микола Олешук, командант на украинските воздухопловни сили.
Кремљ објави дека претседателот на Русија, Владимир Путин бил информиран за нападот.