(Фото) Пандев пак ќе игра за Интер – во земјата во која ѝ ја донесе најголемата радост на Македонија!

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, по повеќе од една деценија повторно ќе го облече дресот на Интер и тоа на пријателски меч на легендите на овој тим против ветеранската репрезентација на Грузија во меч закажан за 7 март во Батуми.

Популарниот Гоче зад себе ќе има многу големи легенди на составот од Милано како Фиго, Верон, Матераци, Снајдер, Фреј, Занети… што секако е голема чест сама по себе за македонецот. Тие против себе ќе ги имаат грузиските легенди во ревиојален натпревар во кој резултатот секако ќе биде во втор план.

За Пандев ова ќе биде враќање и во земјата каде што го постигна можеби најважниот гол за Македонија во финалето од Лигата на нации (група Д) против Грузија, кој ни го донесе историскиот пласман на ЕП 2020. Тој за Интер настапуваше во периодот помеѓу 2009 и 2021 година, а круна на овој престој беше тројната круна во 2010 година, која кулминира со трофејот во Лигата на шампионите.

Пронајдете не на следниве мрежи: