ФОТО| Продадени часовниците на Михаел Шумахер




Часовниците на легендарниот шампион во Формула 1, германскиот автомобилистички ас Михаел Шумахер се продадени во четвртокот за четири милиони швајцарски франци, односно 4,41 милиони американски долари на наддавањето на аукциската куќа Christie’s во Женева.

Осумте часовници, меѓу кои се раритетни примероци од луксузните брендови „Rolex, „F.P. Journe“ и „Audemars Piguet“, на продажба ги стави семејството на Шумахер. Самиот Михаел во јавноста не е виден откако во 2013 година тешко ја повреди главата при пад на скијање вон означени патеки во Франција.

Часовникот „F.P. Journe“ со вгравирана порака кој на Шумахер како божикен дар му го подарил шефот на неговиот тим Ферари, Жан Тод е продаден за 1,5 милион швајцарски франци. Другиот означен прилагоден часовник од моделот „Royal Oak“ на компанијата „Audemars Piguet“, е продаден за 415.000 швајцарски франци, надминувајќи ја предпродажната процена од 150.000 до 250.000 франци.

„Колекционерите беа многу среќни што имаа можност да ги откријат овие часовници со многу историја“, изјави Реми Жилемен, шеф на одделот за часовните во Christie’s во Европа.

Часовниците на 55-годишниот седумкратен светски првак во Формула 1, се дел од поголемата збирка во сопственост на семејството Шумахер.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: