Научниците на северот од Шри Ланка неодамна откриле џиновска тарантула чиј распон на нозете достигнувал повеќе од 20 сантиметри. Овој голем пајак со необични шарки, со розе трака на стомакот , живее на дрва и припаѓа на семејството тигрести пајаци кои можат да се најдат во Индија и Шри Ланка.
Таа е брза, отровна и голема колку човечко лице, а наречена е Poecilotheria rajaei, по локален полициски инспектор Мајкл Рајакумара Пурајаха, кој на научниците им помогнал како водич. Имено, истражувачите се сретнале со големиот пајак пред три години, но тогаш станувало збор за мртов примерок кој им бил донесен од страна на жителите на селото.
Експертите се загрижени дека овој вид е на работ на изумирање, со оглед на уништувањето на околината во која се наоѓа овој голем пајак кој претежно живее на дрвата.
„Доста се ретки. Бираат стари дрва, а со оглед на уништувањето на шумата, такви се преостанати многу малку, па поради тој недостаток овие тарантули почнаа да влегуваат во стари згради“, изјави Ранил Нанајакара, коосновач на шриланската организација за образование и истражување на биоразличности за Wired.
Тарантулите воглавно се хранат со инсекти, помали глодари, птици, змии и други ситни животни. На жртвите најпрво им вбризгуваат отров кој ги парализира, а потоа ги разградуваат и омекнуваат. Најголеми примероци од ова семејство се „theraphosa blondi“ кои живеат во Венецуела и Бразил, достигнувајќи должина од 30 сантиметри и тежина од 150 грама.Научниците на северот од Шри Ланка неодамна откриле џиновска тарантула чиј распон на нозете достигнувал повеќе од 20 с