(Фото) Тешка сообраќајна несреќа вчеравечер во скопската населба Црниче – за среќа без потешко повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчеравечер на 10-тина минути пред 1 часот по полноќ во скопската населба Црниче.

Во несреќата учествувале две патнички возила кои за малку избегнале директен судар на улицата Рилски Конгрес.

Имено патничкото моторно возило марка Фиат Пунто поради паркирано комбе на улицата навлегло во спротивната лента да го помине додека друго патничко возило марка Волксваген Поло се обидело да избегне директен судар при што настанал мал контакт помеѓу двете возила, а автомобилот марка Поло удрил во улична бандера, училно осветлување и потоа се превтело на кров.

За среќа 3-цата патници во превретеното возило поминале без потешки повреди сем помали посекотени на телото.

На терен пристигнаа екипи на полицијата, брзата помош како и екипа на ЕВН кои ја осигураа бандерата која имаше опасност да падне.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: