Франција: Вештачка интелигенција ќе ги надгледува граѓаните дали носат маски
Франција ќе ги набљудува своите граѓани дали носат маски во јавен превоз преку камери со вештачка интелигенција. Надзорните камери со вештачка интелигенција веќе се во тестна фаза, со оглед на тоа што маските веќе стануваат задолжителни за носење.
На прв поглед камерите и вештачката интелигенција делуваат како катастрофа за приватноста на луѓето. DatakaLab, компанијата што го развила софтверот, уверува дека нема причини за страв и грижа за повреда на приватноста. Имено, камерите не може да ги идентификуваат луѓето со маски и без нив, односно камерите нема да се користат за казнување, туку за собирање на анонимни податоци за бројот на луѓе што не носат маски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.