Министрите за одбрана на Франција, Германија, Италија и Полска на Самитот на НАТО во Вашингтон најавија развивање и производство на оружје со долг дострел.Во соопштението од француското Министерство за одбрана се наведува дека со потпишување на писмо со намери се отвора патот за соработка насочена кон зајакнување на воените капацитети, како и на индустриската база и европската одбрана, соопшти француското Министерство за одбрана.
Во исто време, лидерите на Велика Британија, Германија, САД, Франција, Јапонија и 17 други земји усвоија пакет иницијативи насочени кон поддршка на Украина. Документот „Украински договор“ се декларира својата постојана намера и посветеност да се осигурат дека Украина може успешно да ја брани својата слобода, независност, суверенитет и територијален интегритет денес и да ги одвраќа актите на агресија во иднина“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.