Франција и испраќа на Украина стотици оклопни возила ВАБ, како и ракети Астер 30 – француската верзија на ракетниот систем Патриот

Францускиот министер за одбрана изјави во Париз дека ќе испратат „стотици“ оклопни возила и ракети за противвоздушна одбрана, како дел од новиот пакет воена помош за Украина во борбата против руските напаѓачи.„За да ги задржи позициите на фронтот, на украинската армија и се потребни нашите возила ВАБ. Тие се многу неопходни за војниците на теренот“, изјави Себастиен Лекорну за дневниот весник „Ла Трибјун“,Франција моментално ја обновува својата флота од оклопни возила VAB – од кои некои се стари и над 40 години – со нивна замена со новите оклопни возила Griffon, но Лекорну нагласи дека постарите модели „се уште работат“.„Зборуваме за стотици за 2024 година и почетокот на 2025 година“, додаде францускиот министер за одбрана.Од друга страна, Париз најави и дека на Украина ќе и испорача ракети Астер 30 за ракетните системи САМП/Т, слични на американските ракетни системи Патриот.

Пронајдете не на следниве мрежи: