Франција: над 26.000 смртни случаи од КОРОНА ВИРУСОТ, скоро 4 милиони заразени во светот

Франција: над 26.000 смртни случаи од КОРОНА ВИРУСОТ

Во Франција во изминатите 24 часа од КОРОНА ВИРУСОТ починаа 243 лица, со што вкупниот број на смртни случаи надмина 26.230.

Притисокот врз одделенијата за реанимација во болниците продолжува да се намалува, на интензивна нега се наоѓаат 2.868 тешки случаи, односно 93 пациенти помалку од вчера. 

На болничко лекување се наоѓаат вкупно 22.724 лица, во споредба со вчера кога во болниците имаше 23.208 лица поради коронавирусот. Досега се опоравила над 55 илјади заразени.

Во меѓувреме светот се движи кон 4 милиони заразени. Од нив починаа скоро 275 илјади. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.